shoot - онтологија

бие повеќе

бијат
Вид збор: Глагол, несвршен
пука
Албански: gjuaj
Примери:
Непријателските топови биеја врз нашите позиции.
Удира, шутира топка.
Албански: godas
Употреба: Спорт
Примери:
Играчот биеше во голот на противникот.

гаѓа повеќе

гаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нишани, стрела, пука, цели во мета со огнено оружје или со некаков предмет.
Примери:
Сите наредени, еден по еден, гаѓаа во метата.

застрела повеќе

застрелаат
Вид збор: Глагол, свршен
Убие некого со огнено оружје.
Албански: vras
Примери:
Војниците застрелаа двајца заробеници.
Почне да стрела.
Албански: qëlloj
Примери:
Тие застрелаа кон патролата.
(се застрела) Се убие со огнено оружје.
Албански: vras
Примери:
Тој се застрела рано изутрина.

заштрекува повеќе

Види и: штрека (несв.)
заштрекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
заштрека
Примери:
Одвреме-навреме ме заштрекува нешто во слабината.

испострела повеќе

испострелаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стрела во голем број, сите.
Примери:
Ги испострелав со поглед.

испука повеќе

испукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истрела муниција од оружје.
Албански: gjuaj, shtie
Примери:
Испука само еден куршум.

исшутира повеќе

Види и: шутира (св. и несв.)
исшутираат
Вид збор: Глагол, свршен
шутира
Примери:
Ја исшутира топката како да го истури бесот врз неа.

напука повеќе

напукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напука) Се задоволи со пукање (од пушка и др.), многу испука.
Албански: gjuaj, shtie shumë
Примери:
Денеска се напукавме, ама ништо не уловивме.

потегне повеќе

потегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испука куршум од пушка, топ и сл.
Албански: gjuaj
Примери:
Ја стисна пушката во дланките и потегна.

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Истрела со огнено оружје, куршум, граната и сл.
Албански: qëlloj
Примери:
Полицаецот пукна во бегалецот.

распука повеќе

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распука) Почне многу да пука.
Албански: godas
Примери:
Кон полноќ баталјонот пак се распука.

спука повеќе

спукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне одеднаш да пука.
Албански: kërsas
Примери:
Спукаа од сите страни.

стрела повеќе

стрелаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(несв.) Фрла, пушта стрели.
Албански: gjuan
Употреба: Воен термин
Примери:
Стрелаат со лакови.
убие, убива, застрелува
Албански: vras
Примери:
Германците вчера ги стрелаа заробените.
шутира
Албански: shutoj
Употреба: Спорт
Примери:
Стрела на противничкиот гол.

стрелка повеќе

Види и: стрела (несв.)
стрелкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
стрела
Албански: marr në shënjestër
Употреба: Деминутив
Примери:
Стрелка со очи.

устрели повеќе

устрелат
Вид збор: Глагол, свршен
Погоди, удри, убие со стрела.
Албански: qëlloj

фрка повеќе

фркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
молска, светка, дупи, прободува
Албански: shpoj, therr
Примери:
Веди фркаат.

фрли повеќе

фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
пукне
Албански: gjuaj, kërsas
Употреба: Разговорно
Примери:
Фрлаа пушки.

шут повеќе

мн. шутови
Вид збор: Именка, машки род
Удар со нога на топка.
Албански: goditje
Употреба: Спорт
Примери:
Ситен (јак), слаб, добар шут.