кадар
мн. кадри
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6042
1.
Сиот состав, сите лица опфатени во одделна професија, служба, организација.
Примери:
наставен кадар
научни кадри
партиски кадар
одлив на кадри
Слично со:
персонал (м.)
2.
Постојан состав на воена единица (во време на мир).
3.
Основна монтажна единица на филм, дел од филмска лента снимен со еднократна работа на камерата.
4.
Секоја, засебна снимка од филмска лента.
Примери:
Го сними и последниот кадар од филмот.