take - онтологија

вози повеќе

возат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вози) Се движи, оди, патува со или во/на превозно средство.
Албански: udhëtoj, vozitem
Примери:
Се возевме на брод.

доземе повеќе

Види и: земе (св.)
доземат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе од нешто уште малку.
Албански: merr edhe pak
Примери:
Доземи уште некоја пара, за в кино.
Земе сосема, до крај.
Албански: merr të gjitha
Примери:
Доземи ги сите книги.

зазема повеќе

заземаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почне да зема нешто.
Албански: marr
Примери:
Без да праша, зазема од поставените јадења.

заземе повеќе

заземат
Вид збор: Глагол, свршен
Образува или искаже мислење.
Албански: marr
Примери:
Јас зазедов спротивен став.
Освои одредено место во натпревар.
Албански: marr, fitoj
Примери:
Го зазедовме првото место.
Смени или наследи некого.
Албански: ndërroj, trashëgoj
Примери:
Тој го зазеде новото директорско место.
има, држи
Албански: marr, zë
Примери:
Тој период зазема важно место во неговиот живот.
Исполнува (време или простор).
Албански:
Примери:
Мебелот зазема премногу простор.

зема повеќе

Види и: земе (св.)
(се) земаат
Вид збор: Глагол, несвршен
земе
зима

земе повеќе

земат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати, подигне, прибере со рацете.
Албански: merr
Примери:
Ги зеде книгите од масата и излезе.
Поведе, одведе, однесе со себе.
Албански: merr
Примери:
Таа заминала и ги зела децата со себе.
(Како вовед во реченица во служба на партикула за потсилување)
Албански: vendos
Примери:
Зеде, та ја продаде куќата.
(се земе) Се фати за рака еден со друг.
Албански: merr, kap
Примери:
Братчето и сестричето се зедоа за рака и си тргнаа.

зима повеќе

зимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
земе, зема
Албански: merr
Употреба: Дијалектен збор

кадар повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, машки род
Основна монтажна единица на филм, дел од филмска лента снимен со еднократна работа на камерата.
Албански: kuadër
Употреба: Сцена

клапа повеќе

мн. клапи
Вид збор: Именка, женски род
Посебна плоча со горен ударен дел со која се снимаат ознаките за бележење одделни кадри во филмот.
Германски: Klappe Албански: kllapë
Употреба: Сцена
Примери:
Последната клапа на филмот ќе биде снимена денеска на пероните на Железничката станица во Скопје.

надземе повеќе

надземат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе повеќе отколку што треба, отколку што е определено.

поведе повеќе

поведат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе некого со себе при одење некаде, при патување.
Албански: marr me vete
Примери:
Ги поведе на село и децата.
Одведе, забере некого присилно.
Албански: kap
Примери:
Полицијата го повела синоќа.

повлече повеќе

повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Забере некого, одведе настрана со себе; привлече кон себе.
Албански: merr
Примери:
Го повлече надвор да поразговараат.

поземе повеќе

Види и: земе (св.)
поземат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, фати, прибере или подигне со рацете нешто.
Примери:
Поземи ја книгава.

послужи повеќе

послужат
Вид збор: Глагол, свршен
(се послужи) Земе од тоа што е послужено.
Албански: shërbej
Примери:
Гостите се послужија со колачите.

преземе повеќе

преземат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, прими нешто предадено, отстапено од друг.
Албански: merr përsipër
Примери:
Го презеде зборот од претходникот и почна да објаснува.
Пристапи кон реализација на нешто, се зафати со нешто.
Албански: filloj
Примери:
Централната банка ќе преземе мерки против инфлацијата.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
скуси, одземе, смали
Албански: merr
Употреба: Разговорно
Примери:
Вистина, тој продава поевтино, но ќе ти удри на кантарот и пак толку ќе ти се фати.
земе, дигне
Албански: merr
Употреба: Разговорно
Примери:
Удри нешто и откај жената кога умре дедо му.

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, грабне, поземе со рака, раце некого или нешто.
Албански: mer
Примери:
Го фати за рака.
Почне работа, некакво орудие, инструмент.
Албански: filloi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Толку време не беше фатил чекан в раце.
(се фати) Со рака, раце за нешто.
Албански: kap
Примери:
Се фатија за раце.
(се фати) Грабне, пипне оружје со рака; стапи во борба, спор, натпревар.
Албански: merr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се фати за оружје.
(се фати) чини, вреди
Албански: merr
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се фати многу скапо.