idle - онтологија

ајљази повеќе

(се) ајљазат
Вид збор: Глагол, несвршен
безделничи, скита
Турски: haylaz
Примери:
Доста ајљазиш, прибери се малку дома.

безделен повеќе

безделниот
Вид збор: Придавка
Што поминува време во безделие, што не се занимава со ништо.
Примери:
Безделните и богати луѓе пронајдоа нова забава.

дембелува повеќе

дембелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не работи, го минува времето не работејќи.
Употреба: Разговорно
Примери:
Цел ден дембелува.

денгуби повеќе

денгубат
Вид збор: Глагол, несвршен
Залудно губи, троши време.
Примери:
Не денгуби, фати се за работа!

дреме повеќе

дремат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мирува, не работи.
Албански: rri kot
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дремеш со скрстени раце.

клинчи повеќе

клинчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Седи без работа.
Примери:
По цел ден клинчи во меана.

легачи повеќе

легачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Безделничи, лежи по цел ден.

лер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Неутрална положба на менувачот кај моторните возила, нулта брзина.
Германски: Leer
Употреба: Неменлив збор , Технологија