Вид збор: Придавка
Што не е вистински барок, туку направен подоцна.
Примери:
квазибарокна архитектура
(едн.) кичот
Вид збор: Именка, машки род
Уметничко дело без вистинска уметничка вредност, лажна уметност, квазиуметност; со користење на стереотипи, бегање од реалноста, лажни чувства, малограѓанштина.
Англиски:
kitsch
Германски:
Kitsch
Албански:
kiç
Примери:
Херман Брох го гледа во Адолф Хитлер прототипот на кичот.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Уметнички или научни општопризнати дела што претставуваат траен придонес во уметноста или културата воопшто; такви дела во старогрчката и римската уметност и култура.
Англиски:
classic
Албански:
klasikë
(едн.) класицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во литературата и уметноста што се јавува во 17 и 18 век и се карактеризира со враќање кон традиционалните облици на грчко-римската уметност.
класицистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што е во духот на класицизмот.
Примери:
класицистичка архитектура
мн. колажи
Вид збор: Именка, машки род
Слика, композиција, уметничко дело создадено на овој начин.
(едн.) конструктивизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во уметностите (оcобено изразен во архитектурата), по Првата светска војна, чиишто приврзаници се стремат уметничкото обликување да го усогласат со развојот на техниката и со индустријализацијата.
Примери:
Конструктивизмот со творечката фантазија донекаде, го негира реализмот.
мн. кустоси
Вид збор: Именка, машки род
Лице со академско образование што уредува и чува некаква збирка, обично во музеј.
Примери:
Кустосот ни ги покажуваше експонатите во музејот.