Уметност - категорија

јукстапозиција повеќе

мн. јукстапозиции
Вид збор: Именка, женски род
Поставување на две нешта едно врз друго, или едно до друго, за споредба или контраст, или резултатот добиен со такво поставување.
Англиски: juxtaposition
Примери:
Резултат на јукстапозиција од две бои.

јунак повеќе

мн. јунаци
Вид збор: Именка, машки род
Носител на дејството, лик во литературно дело.
Англиски: hero Албански: trim, hero
Примери:
главен јунак

јунакиња повеќе

Види и: јунак (м.)
мн. јунакињи
Вид збор: Именка, женски род
Главна женска фигура во литературно, театарско или филмско дело.
Англиски: heroine
Примери:
Јунакињата на романот „Ана Каренина“ извршува самоубиство.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц