ѕвонче
Види и:
ѕвоно (ср.)
мн. ѕвончиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3818
1.
ѕвоно, ѕвонец
Примери:
Се чу ѕвончето на влезната врата.
Се слуша ѕвонење на старо рачно училишно ѕвонче.
Запре пајтон со јаки коњи што имаа бакарни ѕвончиња на челата.
Будилник со две ѕвончиња.
2.
Електрична или механичка направа за ѕвонење.
Примери:
Ѕвончето ѕвони, некој е пред врата.
Ѕвонче на велосипедот.
3.
Растение со ретки листови и синовиолетови цветови во форма на ѕвоно што се групираат во грозд на врвот од стеблото
Примери:
Во китката имаше едно ѕвонче, топчесто со ливчиња во сина боја.