кубе

мн. кубиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 9709
1. Свод во облик на полутопка (особено на црквите и џамиите).
Англиски: dome Турски: kubbe Албански: kube, kupë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Кубето на црквата е позлатено.
Кубињата на џамијата.
Кубиња на катедрала.
2. Небо, непце во горниот дел од усната празнина.
Латински: palatum Англиски: palate Албански: kube, qiellzë
Употреба: Анатомија , Дијалектен збор