мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи.
Англиски:
tract
Албански:
trakt, kanal
Примери:
жолчен канал
мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен, кожен набор што го затвора окото.
Англиски:
lid
Албански:
kapak
Примери:
Очните капаци му останаа полуотворени.
мн. капилари
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Најмал крвен сад во телото на човекот и на животните.
Примери:
Венски капилари.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кај животни преживари - вториот, помал дел од желудникот.
Англиски:
paunch
Албански:
lukthi te përtypsit
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Коскен појаc изграден од коските на долниот дел од телото; долен дел од телото, колкови, бедра.
Англиски:
pelvis
Албански:
kërllokëll, legen
карличниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на карлица.
Англиски:
pelvic
Албански:
kërlloke, e kërllokut
Примери:
Карлична коска.
мн. катници
Вид збор: Именка, машки род
Заб во задниот дел од вилиците што служи за џвакање; катен заб.
Примери:
Катниците се поголеми, пошироки и служат за дробење, мелење на храната.
мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од раката од основата на прстите до зглобот или самиот зглоб.
Англиски:
palm
Албански:
pallë, shputë
Примери:
На долгите прсти блескаа златни прстени, а на китките исти такви гривни.
мн. клапи
Вид збор: Именка, женски род
Преграда на срцето, преку која се регулира движењето на крвта низ телото, залисток.
Англиски:
valve
Германски:
Klappe
Албански:
valvulë
мн. клепачи
Вид збор: Именка, машки род
мн. клепки
Вид збор: Именка, женски род
Подвижен, кожен набор на окото, што го штити од повреда; очен капак.
Примери:
Трепери пламенот во моите изморени очи, клепките ми натежнуваат.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дел од женскиот полов орган.
мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Глужд, коскен зглоб.
Англиски:
ankle
Албански:
nyjë
Примери:
Некаков далечен умор му се завлече во клучовите над стапалата.
мн. кобилици
Вид збор: Именка, женски род
Градна коска кај кокошки и други птици.
мн. кожи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно.
Англиски:
skin
Српски:
кожа
Албански:
lëkurë
Бугарски:
кожа
Примери:
Збрчкана кожа.
мн. кожички
Вид збор: Именка, среден род
Мала и / или тенка кожа.
Англиски:
skin
Албански:
lëkurë
Примери:
На некои места по кожичката му се оцртуваа жиличките.
Обвивка на внатрешните органи или празнини; тенка и нежна кожа воопшто.
Примери:
Си ја подгриза кожичката на усните.
мн. коленици
Вид збор: Именка, женски род
колено
Англиски:
knee
Албански:
gju
мн. колена
Вид збор: Именка, среден род
Зглоб на човечката нога што ги спојува бедрената и потколеничната коска; дел од ногата на кој се наоѓа зглобот.
Англиски:
knee
Српски:
колено
Албански:
gju
Бугарски:
коляно
Примери:
Има убави колена.
Соодветен зглоб или дел од предна или задна нога на животно.
Англиски:
knee
Албански:
gju
Примери:
Клекна на колена.
Дел од ногата над коленовиот зглоб.
Англиски:
knee
Албански:
gju, prehër
Примери:
Детето седи врз колената на татко си.
мн. колкови
Вид збор: Именка, машки род
Коска меѓу карличната и бедрената коска.
Англиски:
hip
Албански:
këllk, bel
мн. колтуци
Вид збор: Именка, машки род
Делот од раката до лактот, од долната страна.
Англиски:
forearm
Турски:
koltuk
Албански:
llan dore, sqetull
мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
Во срце, мозок - дупка, шуплина во органот.
Англиски:
ventricle
Албански:
ventrikul, barkushe
конструкција
повеќе
мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Состав, градба на телото.
Примери:
Телесна конструкција.
мн. кори
Вид збор: Именка, женски род
Надврешен дел на некој орган кај живите организми.
Англиски:
cortex
Албански:
lëvore
Примери:
Кора на големиот мозок.
мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот.
Англиски:
root
Албански:
rrënjë
Примери:
Се скрши забот, коренот остана.
Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот.
Англиски:
root
Албански:
rrënjë
Примери:
Во коренот на јазикот.
мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Тело на човек или животно.
Англиски:
body
Албански:
trup, shtat
мн. кортекси
Вид збор: Именка, машки род
Надворешниот дел од мозокот (мозочна кора), заштитен од черепот.
мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
Cите влакна на главата кај човекот.
Англиски:
hair
Српски:
коса
Албански:
flokë
Бугарски:
коса
Примери:
густа коса, кадрава коса
мн. коски
Вид збор: Именка, женски род
Одделен тврд дел од скелетот на човек или на животно.
Англиски:
bone
Српски:
кост
Албански:
eshtër, kockë, koc
Бугарски:
кост
Грчки:
οστό
Примери:
клучна коска
косниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коските.
Англиски:
osseous
Албански:
koci, ashti
Примери:
Косна туберкулоза.
мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело.
мн. кошулки
Вид збор: Именка, женски род
Обвивката на плодот во мајчината утроба.
Англиски:
amnion
Албански:
amnion, cipë
мн. крајници
Вид збор: Именка, машки род
Една од двете жлезди што се наоѓаат од двете страни на почетокот од грлото во устата.
Англиски:
tonsil
Албански:
bajame
Примери:
загноени крајници
мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
нога
Англиски:
leg
Албански:
krah
Примери:
Крастата се ширеше по краците над колената.
мн. крвотоци
Вид збор: Именка, машки род
Кружно движење на крвта преку срцето и крвните садови.
Примери:
Спортистите немаа проблеми cо крвотокот.
мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Дел од орган во телото на човек или на животно.
Англиски:
lung
Албански:
krah
Примери:
белодробно крило
мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои cе вкрстува.
Англиски:
back
Албански:
kryqëza
Примери:
Чувствува болки во крстот.
Вид збор: Придавка
Што се однесува на крстот, што е дел од крстот.
Примери:
крсна коска
мн. кубиња
Вид збор: Именка, среден род
Небо, непце во горниот дел од усната празнина.