вели (прид.)
Се качивме со Миќо без карти на возот што на велја сабота беше преполнет и се прошверцувавме до втората станица.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„А поважно од сѐ е, вели пашо, што разни јанкесеџии и силници му ја темнат славата на падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Скрсти нозе Марко, се навали на перниците:
„О, мој вели пашо! Се колнам!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко ми ќе пресвисне од болка, а пак жена ми, мојата домаќинка, бидејќи нејќе да се турчи, ќе остане сама за нигде никаде, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш ибн Пајко, зелен во лицето како корките од лубеница расфрлани во саанот до Мехмед-паша, се премести полека од нога на нога, и рече:
„Ако е така, да не правиме повеќе муабет за ова, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не ќе е толку на арно, вели пашо, таква врева”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Не знам ништо за тоа. Се колнам, вели пашо.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас сум изрод, вели пашо. Таков ќе ме памети народот“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Види, види, песјачката една! Малку ѝ беше шо ми го дрпна Илковиот дел, за велјо чудо ќе ми го прелаже и браче Трајка".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А ибн Пајко, иако виде дека нема враќање, одвај рече:
„Имам ниет да изградам една џамија, во слава на Алаха и на падишахот, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ибн Пајко, воздивнувајќи, рече:
„О, мој светол вели пашо! Откога станав аза, мирот ми се растури.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Сак'н, вели пашо. Нејќам така. Манастирот е свето место.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Туку, и тие се жалат, вели пашо. Еве пак овде, муфетишот Мехмед Емин испратил извештај до мутесарифот за правење канал од чешмата во Папучилар Мејдани, крај Серава, од страна на мутевелијата Нуриш-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А најлошо од сѐ, вели пашо, е што и јас ќе бидам за нигде никаде без неа, и не знам што ќе ви е таков Турчин кој не ќе биде кадарен за ништо”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ибн Пајко направи темане со почит:
„Да ти се многу години, вели пашо!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)