затаен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бошко остана затаен не решавајќи се да стори што и да било.
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
        
      
    
    
    
      „Бегалци“
         од Јован Бошковски 
        (1949)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика:  - Јатак!
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А Србин стана, се потокми, се затресе и навистина отиде, Шишман остана затаен на местото како зајак што страхува секој момент кучиња да не го налајат во дувлото каде што се скрил.
        
      
    
    
    
      „Будалетинки“
         од Мето Јовановски 
        (1973)