краси (несв.)
Таа никогаш не може да се скраси, на едно место да застане: се мрешка, се мешколи, потфрла бранчиња и го подлижува брегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Скромноста ги красеше, беа задоволни од малку.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што овој Свет чека да го спаси Краси се само со својте пердуви Не биди фарисеј лесноверен Не гледаш?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Софија е еден синхронизиран парк, зашто овој град го красат 500 паркови и затоа се чини дека таа е сместена во пазувите на некоја голема шума.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со лепило ќе ги залепам и ти вечно ќе имаш спомен на чедото твое; таа слика гробот нејзин ќе го краси за вечни времиња.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лицето ѝ го озари изразот што ја красеше кога бевме сите заедно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На главата носеше црвен фес, а појасот му го красеше сребрен синџир, на кој беше врзан убав златен часовник.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Брадата почна да ја бричи, а неговото тркалесто лице го красеше бујна костенлива коса.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Трите жени кои ги красеше злобата, лудоста и зависта останаа со спуштен поглед и подзинати усти. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Птиците стојат покрај водопади обложени со мов, исти како што оние што во нејзините фантазии ги красат базените на филмските ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тогаш, отаде патот – од десната страна, под високиот рид над кој белееше палатата на албанскиот крал Зогу – бели вили со широки дворови во кои растеа овошки од портокали, смокви, лимони, мандарини и ги красеа палми и многу трендафили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Работната атмосфера во претпријатието ја красеше „работнички дух“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако невиноста го красеше неговиот поглед, во него имаше нешто дамнешно, од дното на вековите, нешто зад сеќавањето.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Часовничарот кој му ја знаеше убавината, староста и вредноста, му даде на татко му колку што му побара и не го нави, ами го обеси на ѕидот да му го краси дуќанот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Влезот во бањите го краси една скулптура на маж, кој крши патерици, а под нив стои испишано: стани и оди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)