натема (изв.)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па ќе се престрашам, ќе одам да го барам, натемаме натема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој, натема го, во сите шие... по мене трчала и јатрва ми Уља, ама јас не сум ја видела.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Кузе, кој стоеше на прагот, кога виде дека ја снема во темното сокаче што свртуваше лево, погледна на сите страни и тогаш со десната удри на лактот на левата рака и полугласно рече: - Е, на, шо ќе ме стрељаш, натемате...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Натема ми на душа, мајче, ако било така. И тој арамија имаше нож.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)