нему (зам.)

А сѐ е ко за него, си мислам, нему сѐ ќе му чини, сѐ ќе му прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нему не му се брза, се договоривме да се видиме за две недели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зарем можеше ова нему да му се случи? !
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така нему и не му остана ништо друго освен да му биде само верен слуга на арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А сега злото му беше на кланикот и нему му заповедаше да му биде ортак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некако чудно го погледнало и нему му се сторило дека му се смее в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа беше мисла што нему буквално никогаш не му беше паднала на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се разбира“, вели, „не можам да го ослободам од вина ни Ролана; нему секогаш му било сѐ едно со која ќе легне. Само доведи му жена.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другпат му влегоа низ прозорецот некои големи ѕверки со човечки глави и му велеа нему и на жена му: Каде ни е детето?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ластовиците ја напиша тужбата и му ја однесоа право нему.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И нему. Види, шо јаребица му паднала на соколот в раце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колку тоа себично и бесчувствително, без срам си го бараше само и исклучиво она кое нему му беше потребно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нему му беше наредено да ги доведе бунтовниците, но не му беше даден срок кога да ги одведе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Самјаците нему при втората средба секогаш му удирале назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека јадам само кога ќе му се јаде нему, спијам само кога ќе ме пушти тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе