плива (несв.)

Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дајреџијата не го ни чу, ни виде упрекот на кафеџијата. Предаден на своите преживувања, целиот пливаше во некакво неискажливо блаженство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На плажата влегува заедно со другите деца и раководителот го учи да плива.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На работ од полето имаше брестови што се нишаа благо, а некаде зад нив се наоѓаше потокот во чии зелени вирови под врбите пливаа рипчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е оној стар патор, мултимилионер кој што својот базен го наполнил со зелени долари и омилена забава му е да плива во нив.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Како да си пливал против струјата која те враќала назад, независно од тоа колку силно да си се борел и потоа како да си свртел и си се препуштил на струјата, наместо да ѝ се противставуваш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но џинот беше станал елемент во кој тој пливаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
13. САМИОТ ГОСПОД ЗНАЕ ШТО И КАКО ЌЕ БИДЕ - да дојдеше на светов бар пратеник негов да го искаже пророштвото на поминот иден на бродоломник што нејќе да плива кон брегот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го гледаше рибата што пливаше крај брегот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во очите му пливале грутчиња засирена крв, румени раски од кои и солзите се крвави и од кои невидено се разлава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последен доби и гума и мускули за пливање, но не научи да плива.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Додека потта ја влажни марамицата ние сме како двајца ватерполисти кои пливаат за топка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Како да ме лазат бубачки по целата снага, во полусон посебно ги чувствувам. Како да ми пливаат во крвта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Огромна и закоравена санта мраз пливаше во мојата утроба и бев свесна дека ќе потрошам многу огрев за да се растопи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под брадата на вториот морињата се сокриваат. Сега делфините во влакна пливаат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе