развие (св.)

Врз таква почва може да се развие најсрдечна дружба помеѓу нас и Власите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слика за себе За зачувување на сликата за себе потребно е да се ангажира десната страна на мозокот. Да се развие свесност и самосвесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бидејќи и во животот има повеќе патишта до иста работа, најпознатите стручњаци за огласување развиле неколку интересни постапки за доаѓање до ваква идеја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали видот се развил следејќи ја така изнијансираната мимика, или е изграден со фаќањето за гранките што е работа која не изискува ни мирис ни слух, туку токму вид?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Настаните што се развија досега ни покажаа јасно колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи оти постапуваме правилно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жива пропагандна дејност развил и преку некои софиски весници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со тоа раскажување доаѓаше до израз сета прикриена дарба и невидена способност на баба, која имаше силно развиено нараторски талент и осет за трансформација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ќе го развиете своето тело со тенис и пливање. Својот ум со одбрани четива.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се развие емпатија и солидарност. И за нешто да се научи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Црните хроники по весниците многу ѝ ја имаа развиено фантазијата во таа насока.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак адаптивните елементи можат да развијат добри решенија за невообичаено тешки проблеми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во десетгодишното постоење, владата разви мал милион на методи за кршење на отпорот на малубројните дисидентски групи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Том имаше развиено крчмарски осет да го распознава расположението на луѓето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И додека Џеки и Белчо претставуваа голема радост за децата, за нивните родители станаа голема грижа, па затоа на еден состанок на куќниот совет се разви широка дискусија - токму за нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гласовите на работничката класа и женските гласови не се слушаа во буржоаската јавна сфера; овие исклучени групи мораа да развијат свои, независни форуми на изразување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Повеќе