сок (м.)
Сал почувствува дека низ брадата му се стркалаа четири капки сок од капини
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А имаше толку многу земја околу нив низ која можеа да си ги шират корењата и да црпат животни сокови.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Шишката ќе ја потсечеме, а од неа тече сок и кога ќе се згусти го сушиме и прајме лепешка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Постои мит дека сокот од портокали го неутрализира дејството на ЛСД. Не е точно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Жените ја џвакаат сировата печурка и изџваканата маса ја мешаат со сок од капини.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По сочната и убава детелина летаа пчели и збираа сок за мед.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Со јазикот ги притиснува до непцете, ги гнети, цедејќи го сокот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Секое утро ти правев сок од свежо цвекло и морков.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На местото на семкарата карши Градежен сега има фонтани, а порано печени костени и сокчиња од сируп со сода секогаш земавме различни за да си делиме.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Со моето тело го покосивте и мојот говор. Ме оставивте сама и црните сокови на вашата неизбежност. Ќе ме хранат дури не легнете крај мене.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Од сичко носат кајмакот од потта цедат го сокот, од сичко носат кајмакот маката нам оставаат!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И дека имаат повеќе сокови во своите жили.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Негативни искуства: потребно е одредено искуство за да се натера жапчето да пушти сок и да се знае колку е доволно да се земе.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Отворените сокови нека се разлеат во живите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш ќе направиме најубава театарска претстава која ќе капе во сочните сокови на нашите тела.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Носиш маска, затоа личиш на сок од малини.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Желбите, честитките, специјалните пораки, не смеат да не дојдат до оние на кои им се испорачувани, пред да се излеат од животворните сокови и благослови на волшебникот од невидливиот остров што плови.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Последните сокови од занесот на Русите, и со тоа и надежите на Македонците на Русија, беа голтнати од Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)