струп (м.)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Небаре некој струп ни остана на устите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На челото голем пивтосан струп, а на левото рамо рој муви.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)