украс (м.)

Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кулата требаше да се гледа од сите страни на светот и да биде украс на царството нивно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Наместо да биде украс на парламентарната зграда и доказ за педантноста на малата балканска нација, собранискиот тревник беше домаќин на бизарниот излет на неговите политички противници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Случајно или заради украс, на неговата долга брада лежеше закачено со штипка живо ракче.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ветерниците некаде служат како украси а некаде функционираат и тоа, главно во растурањето на водата низ густите каналски мрежи по полињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но ќе ве упатам на искуството на билките во оваа смисла и ќе напоменам дека и тие веројатно на сличен начин постапуваат не само при ‘ртењето и при расцутувањето или во добата на плодовите, туку , за жал, и во појавата на неминовноста што ја означуваат нивните жолти украси на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Реков дека сум ја купил за сестра ми, која демек такви украси носи секогаш само на едното уво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Женското тело е украс, украс на природата мајка... да се негува а не да пати, женското тело остава рожба, за светот да трае... Дигни глава! Мајко, жено, сестро!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Однадвор остава впечаток со грандиозноста, а внатре е без икони, без украси, само се некои релјефи и со извишени слики на проповедниците во олтарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Украс на планинана, накит ставен врз сината витрина, со посебна намена да ја украсува, со што би се предизвикало чувтсво на восхит, со што би се доживела глетката.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На старомодната комода, гломазна и непрактична, неколку смешни украси, како оние пазарските пластични кошнички со вештачко цвеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ уште го носеше бастунот заради украс, да се дополни филцаната шапка со раб, паларијата и сивиот капут.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ти пријде и ја оттурна осаменоста од тебе, и стоевте, дали маѓепсани од водоскокот што ви ги качуваше погледите угоре по искрите водени, по кои се качуваше и една бавна гасеница од виножито пред да се престори пеперуга или некој друг украс на денот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И колку такви покраини има на овој божји свет? Колку ли диви реки без украс и убавина?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А, камчево личи на килибар, една смола, многу скапа и ценета, од која се изработуваат украси за прстени, ѓердани и друг накит.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме смири глетката: белите штиркани чаршафи, беспрекорно испеглани околу рачно изработената бордура, ја истакнуваа убавината на старинскиот кревет, чии украси од месинг сега сјаеа како позлатени сијалици.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Интимно соголување на својата потсвест, нежност и копнеж истовремено, релјефно сликање, лирично дишење, проткаено со длабоко колоритно животно искуство кое на поетската традиција додава украс кој ја збогатува плејадата опејувачи на современото живеење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Подарок може да биде цвет, јаболко, книга, некаков украс и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе