забрзан прид.
забрзано прил.

забрзан (прид.)

Коњските копита рамномерно во забрзан кас удираа на каменестата патека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само забрзаниот пулс те потсетува дека солзите ти се на крајот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но како во турска сапуница настаните се одвиваа со забрзана динамика.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Струи во неговото лице забрзаното дишење на девојката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сината вода на Езерото се предаваше на своите метаморфози, забрзани со појавата на сонцето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Они се божилак, они се прснати капки од врв на земјата па за облаците врзани. He ќе ги заглушат во мене нивните стапки ветровите кон заборав забрзани.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Забрзани чекори го затетеравија низ дворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
XI Отсекогаш во музеите ме обзема неразбирлива меланхолија која продолжува во внатрешна забрзаност што побрзо да минам крај експонатите, да се вратам во животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Контролорите, гледајќи ја забрзаната жена со мало дете во прегратката, помислија дека таа доцни на авионот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И губејќи се самиот себе меѓу забрзаните луѓе, побрза да се најде во првата крчма, таму под мостот, под кој почнаа да се изнуркуваат и по ден призраците што се влечеа во тие ноќи по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се сеќавам дали појадував. Наутро, во онаа непресметлива забрзаност често го отворам фрижидерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се повлекуваме со забрзан марш, што се вели, никој во никого не гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш сврти понадесно и со забрзан чекор слезе во трапот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сеќаваше Татко на зборовите на стариот додека, со забрзани чекори, се доближуваше до куќата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некогаш успеваше, низ забрзаноста или низ бавноста на нашето чекорење, да ја открие и нашата расположба, нашиот немир, нашиот спокој.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да одделиш единици од составот на твојата бригада и со забрзан марш, веднаш, да заземат позиција на ридовите источно и западно од селото Косинец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Забрзувањето што го добива куршумот кога ќе се изврти низ цевката, барутот што се распрснува, пробивноста на забрзаниот метал со заоблен врв во однос на другите текстури, особено месото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сум се нишал од млекото на ѕвездите како сега, забрзан во зик-зак кон својот пад, секогаш ноќе во секоја крчма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе