забрзано (прил.)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Посилниот забрзано се издиша уште малку и рече: - Не ми е грижа како лажете, копилиња.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се радував зошто не беше способен да ме малтретира, сѐ уште снагата забрзано му трепереше од дејството на правот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Келнерите со послужавници забрзано шетаат на сите страни.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Забрзано го вртеше стариот рачен телефон, во очекување на директна врска со надлежниот од Централата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Животот повторно забрзано струеше низ нашите жили.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа повторно почувствува како забрзано ѝ чука срцето, но и силен скокот одвнатре во утробата кој се ширеше низ целото тело.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Нашите срца забрзано биеја. Во овие мигови на раѓање се плашевме од смртта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека забрзано чекорев назад, одвај гледајќи од натрпаните кутии кои се нишаа во нелинеарни големини и форми, се прашував зошто можев да се сетам добро на сѐ, но не можев да си ја претставам таа стара и потрошена среќа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
По долго слушање на гргорот од стерната, тој неразбирлив јазик на утробата на земјата, татко ми забрзано се враќаше по истиот пат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И така препуштајќи се на тишината на медитацијата од прозорецот на чардакот го забележа како забрзано чекореше по калдрмата Климент Камилски, држејќи го куферчето со кое последниот пат патуваше во Париз.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И двајцата дишеа забрзано, но онаа насмевка повторно се појави во аглите на нејзините усни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Лошо претчувство внесе во неговите мисли тоа ноќно биење на камбаната. - На умрено бие - рече и забрзано зачекори.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Додека камионот се оддалечуваше, нејзиниот лик забрзано се оддалечуваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа загрижено гледа во својот маж, му помага да седне. Тој забрзано дише.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Рацете ми треперат. Отворената уста ми се пени. Ноздрите ми се шират забрзано. Очите ми се превртуваат.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Скопските шмизли се феномен кој со забрзано темпо започна да се развива некаде со распадот на бившиот систем и создавањето на две и пол класи во државата на новокомпоновани богаташи од една страна, кои опфаќаат 5 посто, и сиромашна класа, која брои некаде околу 90 посто од населението.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)