кандидат м.
кандидатура ж.

кандидат (м.)

Првиот чекор се вика сегментација и во него целата површина се дели на сегменти кои се кандидати за различни смислени целини на сликата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зар не се Македонците што се на служба или кандидати за служба тие што го изопачуваа меѓу населението во Македонија значењето на руските владини постапки и ги толкуваат пред него стамболовски и го тискаа да востане, против советите на Русија за благоразумност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш ми кажа и во врска барањето од луѓето со кои разговарал да биде кандидат за пратеник, но тој не рекол ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Формулирани на ваков начин, одредбите само ја зголемија анксиозноста на кандидатите кои се пријавиле на оглас за конкретно работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не помалку има кандидати за служба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, во посебен член, признато е и правото на обештетување, при што е наведено дека во случаите на дискриминација, кандидатот за вработување или работникот има право да бара надомест на штета – во висина од пет месечни просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Постојат многу индиции, продолжив, дека неколку дена пред тажниот настан тие веќе се здобиваат со нужните насоки а во одделни случаи располагаат и со имињата на актуелните кандидати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имено, сега се предвидуваше дека работодавачот мора, во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за вработување, писмено да го извести кандидатот кој не е избран – дека не е избран, како и тоа кој кандидат е избран.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
1. Со измените и дополнувањата од септември 2010 беа дополнети антидискриминаторските одредби кои од аспект на работните односи се една од клучните нормирани трудово-правни области која ја гарантираат заштитата на трудот, достоинството и интересите на работниците и кандидатите за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сѐ додека по две години, во јануари 1940, Комитетот во Тел Авив за главен сефардски рабин го определи за кандидат во изборот за главен сефардски рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кандидатот што беше повикан од комисијата излегуваше како да беше целиот посипан со студена вода. Му играа вилиците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Интересна и неконвенционална, но во позитивна смисла, е и одредбата која предвидува дека во случај на спор, ако кандидатот за вработување изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на антидискриминаторски одредби од законот товарот на докажувањето, дека всушност немало дискриминација, преминува на страната на тужениот работодавач, освен ако овој докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот ЗРО – а тоа, пак, е во случаите кои се однесуваат на инвалиди, постари работници, бремени жени, мајки, 15.  Тука би сакале да споменеме и еден компаративен случај од оваа област.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кандидатот што се предлага за судија, минал низ сито и низ решето додека втасал до нашиот Суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, со носењето на ЗРО (2005) интересно е тоа што, повторно, се враќаат правата на неизбраните кандидати кои конкурирале за одредено работно место, но сега со значајни рестрикции во однос на првичниот ЗРО (1993), кој изречно го предвидуваше и правото на тужба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе