кат (м.)

Може ли да се претскаже каква ќе биде судбината на Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Херцеговина јасно ни покажуваат оти не ќе поминат ни 10 години од австриската окупација кога ќе зафатат Македонците, без разлика на вера и народност да си ги оставуваат своите катови и да се иселуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грдо е, ќе се согласите со мене, што денес луѓе кои живеат во иста зграда, во ист влез, на ист кат, не се познаваат, не се поздравуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од четвртиот кат има тесни дрвени скали кои водат до таванскиот дел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Среде градот е сместена голема трговска куќа со безброј катови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во дното голема и убава куќа сѐ до катот ѕидана од камен, а самиот кат од убаво изработена дрвена конструкција.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Фасадата беше скромно украсена. Прозорците на приземје и првиот кат имаа кремасти метални рамки во кружни форми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го изела мрачка. Наводно се фрлил од катот и останал на место мртов, а всушност го фрлиле агентите откако претходно го претепале до смрт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И пред мене оди полицаец и зад мене оди полицаец. Се искачуваме еден кат погоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На вториот кат од куќата само една соба е направена, а другите зјаат без прозорци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неговата ќелија може да се наоѓа некаде во срцето на зградата, или на некој од надворешните ѕидови; може да е десет ката под земја, или триесет ката над земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледа оттаму ги протерале калуѓерите или калуѓерките и нѐ сместија во големи одаи со кревети на кат, по дваесет и повеќе деца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гестаповецот имаше соба некаде горе на катот каде што јас никогаш не се имав искачено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Старата постелка е фрлена на женскиот кат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како кога посипуваат детско лајненце со пепел, за да се замети полесно од катот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помисли дека тоа можат да бидат сосетките од нејзиниот кат кои знаеја да дојдат за позајмица на кафе, шеќер и слично.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чувствувам потреба и јас да спомнам кој бев и која беше мојата вина за да ме испратат дури овде, како што обично велат: неколку катови под земјата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе