крв (ж.)

Нѐ тераа да вршиме трње, вели, боси нѐ тераа да трчаме по трњето, вели, оптежи, приврши, те удираат, те дупат, јаго, јаго, а крв ти капе од стапалата, оптежи, приврши, нѐ сакатија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наближувам кон луѓето, а тие ги привсениле веѓите и крв немаат на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Попусто, додаваа, не била ајдутска крв.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Роб ќе стане, ден ќе светне, младост пуста в крв ќе летне!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крвта вода не бидува. И нејзе и тебе ти е татко...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јас живеев во крв, јас сонував крв. Не е премногу.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Долго умираш, шумеше изгубената крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крв!“ Виде зад неа извезени лебеди во гоблен и се сети на мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тие сега веќе беа побратими со смешување на крвта; тоа го носеше она неговото зрно во прекрасно скованото грамадно тело на неговиот прогонуван роднина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малку е тоа што ние ја пролевавме крвта на нашиот народ за туѓите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и со разорувањето ќе се восползуваат нашите непријатели од слободните државички за да продолжуваат со своите религиозни и национални пропаганди да нѐ делат на спротивставени и непријателски лагери: Срби, Грци и Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не еднаш Русија ни има речено оти таа не ќе пролее ни една капка крв и не ќе ни даде ни најмала материјална помош ако ние Македонците подигнеме востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може ли таа за атер на Бугарија да ги навреди другите балкански самостојни православни држави, чија самостојност е извојувана со руска крв и со руски пари и да ги направи тие држави да се одвратат од неа кон другите западноевропски држави и да се направат во нивните раце орудија насочени против Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Петто: дека со тоа тие ќе го избегнат понатамошното пролевање крв без да можат да го променат конечниот резултат на војната која сега е при крај.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе