материја (ж.)

Материјата што на прв поглед уверува дека од неа е исцрпена топлината до конечност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На авторот му е оставено да ја состави таа материја, да ја исполни со богатствата и чудесиите на безбројните мирудии со кои животот штедро нѐ дарувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Невидливото во поезијата е материја во која и запирката претставува ту оган, ту тага, ту некоја јарка боја навезена на работ на облеката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кант почна со критиката на бессилноста на францускиот механички материјализам со тоа што ја оддели мислата од материјата.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Можев да ги видам помамувачките ливчиња на семејното стебло, од макроскопската материја па сѐ до квантниот вакуум, пресметувајќи точно што се наоѓа помеѓу тие две сфери на време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наспроти ваквиот позитивистички пристап кон материјата на работничките права, во оваа студија е применет компаративниот пристап.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На усните му се лепеше некаква правлива материја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но она што навистина претставува преломен чекор во ни од далеку доволно истраженото поле на сексуалното уживање, се истражувањата на подрачјето на квалификацијата на материјата што го предизвикува половото возбудување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие работат врз следниов принцип: ако дојде до испуштање на недозволено количество на материи - загадувачи или вишок топлина, тогаш се активира светлосен или звучен сигнал од 15 секунди.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Има многу причини поради кои една кула не може да опстои; тоа може да се припише на неукоста на градителите, на злата волја на подлогата, или на недоволното количество врзивна материја која го држи каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја добив за појадок истата неподнослива материја, само сега со друга неподнослива миризба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
 4 Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа и се внесоа некои технички подобрувања, коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Апологет на една крајно вулгарна но и најомасовена перцепција на реалноста така типична за необразованите и медиокритетски маси, пред сѐ за селаните, работниците и ситната буржоазија според која материјата и нејзините модалитети како и интеракции се единствената евидентност на постоењето и единствен фактор на личната и колективната засегнатост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Секоја материја во суштина е замрзната информација, без разлика дали е тоа стол или црн дроб од човек или кукаст крст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
2. Прекршочна одговорност Од гледна точка на работодавачите, првите промени во материјата на работните односи значеа подобрување и во поглед на ригорозноста на казнените одредби.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе