подзинат прид.
подзине св.

подзинат (прид.)

Пак ни свети. За да ги гледаме кучињата со подзинати вилици, со истечени очи меѓу згурата коски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој, навикнат на шеќерот со којшто повремено го прихрануваше и блажеше неговиот одамна признат стопан Брчалото, сега здебелен до отромавеност, попусто секој ден излегуваше од своето скривалиште во фурната, се довлечкуваше до портата и со подзината уста очекуваше од некаде да се појави Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му чкрта дишењето на човекот, слушам како му чкрта дишењето, мислиш неподмачкана кола. И остана така подзинат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто ли умираа подзинати?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трите жени кои ги красеше злобата, лудоста и зависта останаа со спуштен поглед и подзинати усти. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе остане со подадена рака и подзината уста.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На моменти и толку директна во изјавите и одговорите што без малку те остава без здив, да не речам со подзината уста!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Шарпланинец: јадар во телото, во главата, во нозете: широк, дебел врат, голема уста, постојано подзината, јадри, изострени заби меѓу кои црвенее издолжениот јазик.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Парсонс, чие внимание беше привлечено од знакот на трубата, седеше слушајќи со подзината сериозност, нешто како побожна здодевност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ема се стресе, набрзина ги повлече рацете и стана од креветот. Беше подзината и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Логотетот седеше на својот трон со подзината уста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со подзината уста која потсетува на човечка насмевка ги набљудува минувачите низ Трговскиот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Благодарение на математиката, знаеме дека Ж не правеше ништо друго освен што зјапаше во голата Дуња со подзината муцка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа, пак, му се восхитуваа многу други кои се симнуваа од возот. Остануваа подзинати, се чудеа, зјаеја... И јас!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Авторот скоро подзинато го гледа чичко Никола прево в очи и чувствува како лицето му се озарува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Детето е подзинато, плаче, ги испушта првите животни гласови, се тресе од студ или од страв - оставено без мајчина утроба.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе