претпазлив прид.
претпазливо прил.

претпазлив (прид.)

Ни се доближуваше сув старец со претпазливи чекори како да се плаши да не разбуди некого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како што течеа работите нашата врска се продлабочуваше, иако бев многу претпазлива и непопустлива и водев строга стратегија за да се уверам дека навистина, негативното влијание во нашата врска било поради таа таканаречена магија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да ги љубам оние кои не ѝ робуваат на претпазливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неподготвена за поигрување со степенот на толеранција, се препелкав во мрачно претпазлива неизвесност и колебливо погледнав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Само преку Вардар ќе треба да бидете претпазливи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко ја подава главата преку војниците, сака нешто да каже, ама некоја болна претпазливост го стега и не му дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гавранот беше претпазлив, иако претчувствуваше; стоеше на гола гранка и со гракање го известуваше својот црн род за последниот настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таквите гласови немале основа, но претпазливите мерки на властите се сметале за нормални.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нејзиното приближување ги ослободуваше неговите поданички навики, правејќи ги безвредни претпазливоста и мудроста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бојан лежеше со отворени очи, долго лежеше така и се чувствуваше како повратник кој долго време бил во некој далечен, туѓ предел, па сега, враќајќи се во својот сакан, познат крај го доживува како ново откритие и влегува во него со извесна претпазливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На некои места бевме претпазливи, каде што беше близу непријателот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Освен што беа претпазливи и итри, тие ни за ронка не беа поинтелигентни отколку кога беа пиленца, стари само еден ден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го гледав движењето на нивните нозе, одмерените и претпазливи чекори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе