претпазливо прил.
претпазлив прид.

претпазливо (прил.)

Магарето полека и претпазливо оди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претпазливо ѕирна низ сивиот плот потоа ја отвори дрвената врата и ме повлече во дворот, во густ босилек и во некое жолто ситно цвеќе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се извиваат голи ветрови фатени во мрежата на улицата и немаат залет па притиснати од тешките облаци ја стружат влажната калдрма, претпазливо лизгајќи се низ млаките барички.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не можеа да му објаснат и пиеја претпазливо збунети од неговата неизгаслива жед.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Внимателно и претпазливо ги опколивме ѕидиштата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќето од луѓето не му обрнуваа никакво внимание на Винстон: неколкумина се обѕрнаа по него со претпазливо љубопитство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претпазливо и здраво се исхрануваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, се разбира, сето тоа мора да се одвива претпазливо и тајно...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја врза кучката со јаже преку вратот, зеде в рака една разгорена гламња и претпазливо излезе во студеното зимско утро.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колоната претпазливо се пробива низ врбјаците наудрени во калливото трапиште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо претпазливо ја гази сенката која не се откинува од стариот како да е фатена за неговите нозе и му пречи да зачекори пошироко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Претпазливо чекореа како по минско поле, по животот, плашејќи се од Бога!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Слегува кроце и претпазливо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред селото се разделивме претпазливо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претпазливо му велам: - Видувањата на еден човек не мораат да се совпаѓаат со видувањата на некој друг, па и тогаш кога тој "некој друг " е близок пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе