снаоѓа (несв.)
Верувам дека никогаш не бев единствената со ваков проблем, ниту во моето опкружување ниту во светот, меѓутоа некако ми се чинеше дека секогаш другите малку подобро се снаоѓаат со домашната економија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сакав да прашам што точно значи тој збор, ама се премислив, оти и онака му го сфатив значењето – Дена овој викенд очигледно ќе биде во моја надлежност и самата ќе треба да се снаоѓам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А, газози има, веројатно, само уште на Бит-пазар. За едно големо чудо, дедо мошне вешто се снаоѓаше низ заплетканите улички на Старата чаршија.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Брзо се снаоѓаш, а уште побрзо се адаптираш. На Македонциве овде им се мењаат и фаците.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Официјалната култура и политика никогаш не можат да го фатат во комплексноста на подземниот лавиринт каде андерграунд уметникот фантастично се снаоѓа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со следново интервју ќе видиме како кликерашот се снаоѓа во оваа околина.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Без да мора да посегнува по пиетет, кампот може да ја забележи трајната стварност на болката и да ја направи културно продуктивна, а со тоа да ја признае без да ѝ ја допушти моќта да ги урнисува оние што ги снаоѓа.224
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но сѐ што чинеа тие, беше безуспешно, зашто тој пак се снаоѓаше: одеше кај пријателите во селото и ги молеше да му дадат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
За јадење и облека се снаоѓав, постојано крпев некако.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И затоа во учењето тешко ќе се снаоѓа, ќе се мачи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но, како одминувало времето, се снаоѓале и сега се тука одомаќинети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Влатко најпрвин помисли да ѝ помогне на Мими, ама се премисли: подобро да не изигрува постар брат, нека се снаоѓа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но, не би така! Козарите брзо се снаоѓаа во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали сум јас толку суетна или навистина никој не се снаоѓа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Што сакаш? - зборнува Соколе, одеднаш свестен, можеби од изненадата колку брзо се снаоѓа таа во ова небрано лозје. - Да наберам грозје.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)