топ (м.)
Од топот онака други држат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И слушаме дека на Пелистер врне снег и дека од снегот не можат да го искачат топот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не знаеш дали грми или некој топ припукува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Земјината топка испукана од ждрелото на разорен топ.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И тогаш топовите и минофрлачите го дотолчуваат тоа што не успеаја да го столчат авионите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Токму сега пред малку се стишија топовите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Така самата со себеси ќе си отворам разговор, кога ќе бувне некој посилен топ, кога ќе се заниша куќава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Околу илјада топови пукаа. И два дена и две ноќи не запира пукањето. Нашата артилерија е зад нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од некој наш човек, или од некое војниче кај што бувтат топовите?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И земјата не го крепи топот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
После фронтот се оддалечи. Топовите пак ги слушаме ама многу од подалеку. Како подгрмнување на ведро небо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш ни рекоа бргу да слеземе долу во амбарите и збор да не пуштиме зашто англиски воени бродови се доближуваат, та ако слушнат врева, тогаш ќе почнат да нѐ бијат со топовите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Толку брзо колку брзо ќе стивнат воените бури, колку брзо војската владина ќе биде протерана и ќе ги снема авионите и топовите. Така беше речено.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само лаењето на топовите, само нивното бувтање го слушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во таа ноќ луѓето делкале од тврдо црешово стебло топ.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Едно време грофнува топот. Кога им се намести убаво, му ја пуштија гранатата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)