весел (прид.)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Конечно прекрасно очите гледаат. Портокалов од облаци сунѓер месечината весела ја придружува на нејзиниот пат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ја немаше нејзината веселост, што постојано ѝ го прекриваше лицето и ѝ ги осветлуваше очите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Скоро ќе стигне и есента и вие весели ќе дојдете да ме заколете.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
И одвреме-навреме потпивнуваше од чашката прикривајќи ја нервозата со наместена веселост.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го пречека шум од весели гласови и тврди удари на копачите.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И лисјата се весели и светкаат небаре монистра на коњска узда.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Извадиле луѓето сѐ што закривале за весели и за тажни денови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нацртав на белиот ѕид човек и после го размачкав та тој личеше на весел црнец со големи уши и малку танки нозе.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Старецот весело ги распрашуваше за сето време, им прикажуваше за работата на младинците, кои што работеа блиску до неговото село и ги закачаше дека ако не станат ударници веднаш ќе ги симне од колата, за да продолжат пеш по јулскиот пек.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Другите деца веќе се беа придружиле кон своите мајки и татковци и во весел разговор и честитање ја напуштаа искитената сала.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во последниот дел од ревијата моделите носеа отворени лежерни фустани со тенки бретели, истакнат струк и широк пад, или гол грб со тесна долга сукња но во весели, шарени дезени: „Флорида“ (акварелни цветови), “Гранд При“ (цртани цветови), споени птици во стил на Ешер во црвено/светло сива нијанса, со лудо поставени вистински цветови/камелии над косата и мрежа која паѓа над очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Атмосферата на масата беше многу жива и весела.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И смеејќи им се весело како прв пат кога ги сретна со колата, тој завесла во спротивен правец, мавтајќи им со рака од далеку.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За прв пат откако дојде во бригадата, Мече усети колку е убаво тука наутро кога првите зраци на сонцето ќе паднат над разбудениот младински логор, што се капеше во утринската светлина и веселост.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)