зар (сврз.)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Зар дека многу наблиску е злото и секој со секого се клевети, само напорки се гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зар може толку да трае среќата на Балканот?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека го слушаше својот учен пријател како со чудесна точност ја изнесуваше природната сага на јагулите, Татко не престануваше да трага по нови моменти во согласието меѓу движењето на своето семејство и патот на јагулите: „Зар коските на јагулите, по херојското патување, по љубовната обновувачка екстаза не се стопуваат, исчезнуваат на едно место?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зошто Балканот го нарекувале буре барут? Зар постоеле посебни причини за тоа?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зар организацијата не може да најде друг дом за таа цел...?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Земјо, зар не збунува присуството на таа жила што нѐ дели никојпат да не нѐ раздели?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
— Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката" кај Петкана Милевска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Па зар не разбрале дека тој проклет ден „Д“ не се однесува на нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А јас, зар да се кајам? Тешко на оној што доцна се кае!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сакаше да се фати за глава. „Па јас ви објаснив. Зар не сфативте?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зошто ми се, најмил? Зар со нив да спијам сега јас.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А зар пак да е тука некаде ќе ги оставеше сами да го испратат старецот во својот вечен дом, не ќе ја донесеше својата гола глава, не ќе пуштеше две три солзи од прозорците на својот живот, не ќе кажеше неколку лафа, не ќе го охрабреше дедо Костадина гласно и јавно дека нема да биде заборавен во рамната земја, а не како неа сето тоа молчејќи да му го кажува?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Земам едно цветче в рака, го гледам и најпосле велам: - Па зар не е убаво ова име?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Зар ова не е свадба, кажи? - Најсвидна свадба. Има право самовилата....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)