мири (несв.)
Ако некои се скарале попот треба да ги мири.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Децата повеќе не го задеваа Мартина, но и не му пристапија да се мират.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Утрото ќе ја отвори вратата Јон и ќе ме викне, ќе се мири.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не мирејќи се со фашизмот во малото гратче крај Езерото, уверен дека тој нема да му донесе среќна ниту на семејството, ниту на својот народ, на човештвото, соочен со принудна интернација во италијански логор со семејството доколку не му се покори, тој решава една ноќ со семејната гемија со семејството да мине границата Татко имал време колку да се види со мајка си, помладиот брат, сестрите.
„Граница“
од Луан Старова
Го карам и го мирам Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А штурчето не се мири, заспивалки пее, свири - добра ноќ, добра ноќ!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)