approach - онтологија

ближи повеќе

(се) ближат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се приближува просторно.
Албански: afrohet
Примери:
Познат чекор се ближи.

добере повеќе

Види и: бере (несв.)
доберат
Вид збор: Глагол, свршен
Доближи, дојде во непосредна близина на нешто.
Албански: afrohem
Примери:
Сакаше да се увери и го добра лицето за да му ги види очите.
(се добере) Дојде во непосредна близина на нешто, се доближи, дофати нешто.
Албански: afrohem
Примери:
Само да се доберам до шумава.

доближи повеќе

доближат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде поблиску до нешто или до некого.
Албански: afrohem
Примери:
Доближивме до друга композиција празни вагони и тој ме натера да влезам во еден од нив.
(се доближи) Дојде во близина на нешто или некого.
Албански: afrohem
Примери:
Им направија место да се доближат до пламенот и да се згреат.

иде повеќе

идат
Вид збор: Глагол, несвршен
За време, период, за природни феномени - наближува, настапува.
Албански: vij, afrohet
Примери:
Иде пролет.

наближи повеќе

Види и: ближи (несв.)
наближат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде близу, се приближи до нешто.
Албански: afrohet
Примери:
Наближија до езерото.
Се намали времето до некој настан.
Албански: afrohet koha
Примери:
Наближи полугодието.

поддоаѓа повеќе

поддоаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одејќи се приближува малку или уште малку.

поддојде повеќе

Види и: дојде (св.)
поддојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Одејќи се приближи малку или уште малку.

поднаближи повеќе

поднаближат
Вид збор: Глагол, свршен
Намали растојание донекаде, се приближи малку.
Албански: afroj deri diku
Примери:
Поднаближивме до градот кога почна да врене.
Се намали времето до некој настан, донекаде.
Албански: afrohet
Примери:
Се поднаближи свадбата.

понаближи повеќе

понаближат
Вид збор: Глагол, свршен
Наближи малку, уште малку.
Примери:
Буткајќи се меѓу луѓето понаближија до манастирската врата.

поприближи повеќе

Види и: приближи (св.)
поприближат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне, дојде малку поблиску до некого или до нешто.
Примери:
Дури кога поприближивме, таа го здогледа момчето.
(се поприближи) Се приближи малку, донекаде.

пријде повеќе

пријдат
Вид збор: Глагол, свршен
Со одење се приближи кон некого или нешто.
Албански: afroj
Примери:
Обајцата му пријдоа сосем близу и го фатија под рака.
Се стави во однос кон некого или нешто.
Албански: qasem
Примери:
Интересно е како пришол режисерот на овој драмски текст.

пристапи повеќе

пристапат
Вид збор: Глагол, свршен
Пријде, се доближи до некого.
Албански: afroj
Примери:
Полицаецот му пристапи на вујко ми и му подвикна остро.