пријде
пријдат; пријди, пријдете; пријдов, пријдоа; пришол; (ќе) пријдов, (ќе) пријдеа; (ќе) пријдел; пријден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2044
1.
Со одење се приближи кон некого или нешто.
Примери:
Обајцата му пријдоа сосем близу и го фатија под рака.
Пријде поблиску и погледна.
Слично со:
пристапи (св.)
2.
Се стави во однос кон некого или нешто.
Примери:
Интересно е како пришол режисерот на овој драмски текст.
Треба со добро да му пријдеш, ако сакаш да постигнеш резултат.
3.
Започне да работи, се фати со работа.
Примери:
Сега ќе пријдеме кон истражување на новите состојби.
4.
Премине на нечија страна.
Примери:
Групата се зголеми откако им пријдоа неколку нови членови.
Изведенки
1.
пријдува несв.
пријдуваат
пријдуваат
2.
пријдување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
приоѓа несв.
приоѓаат
приоѓаат
4.
приоѓање ср.
глаг. им.
глаг. им.