бере
берат; бери, берете; берев, береа; берел; берен; берејќи; брав, брав; брал; бран
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2349
1.
Собира плодови, растенија или делови од нив (со кинење, со тресење, со корнење).
Англиски:
gather
Албански:
mbledhë, vjelë
Селаните ги берат јаболката.
Децата скришум береа цреши.
Од големата круша беревме многу круши.
Нема лозје што не го копал или брал.
Слично со:
собира (несв.)
2.
собира, збира, содржи
Англиски:
accommodate
Албански:
mbledhë, mbanë
Оваа торба бере пет кила компири.
Старата бочва бере триста оки вино.
Пакетот не го бере во багажникот.
Книгата ја береше само во поголемата чанта.
Слично со:
содржи (несв.)
3.
Собира пари, штеди.
Примери:
Бегот го береше данокот.
Работеше дење-ноќе, береше пари за свадба.
Слично со:
собира (несв.)
4.
(се бере) Се собира, се здружува на едно место.
Примери:
Каде и да одеше, околу него се береа многу луѓе.
Секое утро на гробот се брале сирачињата.
Светол да ни е денов, се береме за арно и за убаво.
Слично со:
здружи (св.)
Изрази
Бере гајле - се грижи.
Бере душа - на умирачка е, се бори со смртта.
Бери ум (памет)/нека си го бере умот - биди умен, освести се, опамети се /нека биде умен.
Бере куќа - печали.
Бере страв - се плаши.
Бере гној - загнојува.
Нигде не ме (те, го, ја, ги) бере - никаде не можам да се сместам, никаде не ми чини; вознемирен(а) сум.
Бере раменици - искажува непознавање, воздржаност.
Изведенки
берење ср.
глаг. им.
глаг. им.