ask - онтологија

допита повеќе

Види и: допраша (св.)
(се) допитаат
Вид збор: Глагол, свршен
допраша
Употреба: Дијалектен збор

замоли повеќе

Види и: моли (несв.)
замолат
Вид збор: Глагол, свршен
Побара нешто со молење.
Албански: lus
Примери:
Тие ме замолија да ги оставам насамо.

запита повеќе

(се) запитаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) запраша
Албански: pyes
Употреба: Дијалектен збор

запраша повеќе

запрашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави прашање некому.
Албански: pyes
Примери:
Од каде си ти? - го запраша старецот.
Праша некого за нешто, во врска со нешто.
Албански: pyes
Примери:
Ја запрашав девојката каде се наоѓа школото.
(се запраша) Си постави прашање самиот себеси или еден на друг.
Албански: pyes
Примери:
Никогаш не се беше запрашал како изгледа таа.

запрашува повеќе

(се) запрашуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
запраша

моли повеќе

молат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 1 л.) При учтиво обраќање.
Албански: pyes
Примери:
Ве молам, седнете!

опита повеќе

опитаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опита) се праша
Албански: pyes
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се опита, што понатаму?

пита повеќе

питаат
Вид збор: Глагол, несвршен
праша, (се) праша
Примери:
Ќе те питам, ќе те прашам.

питува повеќе

(се) питуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) праша
Употреба: Дијалектен збор

побара повеќе

побараат
Вид збор: Глагол, свршен
Посака да добие.
Албански: kërkon
Примери:
Сестрите, што е право, ми даваат сѐ што ќе побарам.

помоли повеќе

помолат
Вид збор: Глагол, свршен
Упати молба до некого.
Албански: lus
Примери:
Го помоли брата си да му даде пари.

попита повеќе

Види и: пита (несв.)
(се) попитаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попита) се запраша
Употреба: Дијалектен збор

попраша повеќе

Види и: праша (св.)
попрашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Праша некого.
Примери:
Тој ги попраша за патот.

посака повеќе

посакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замоли некого, побара некому нешто.
Албански: kërkoj
Примери:
Тие му посакаа петстотини лири.
Побара рака на девојка за себе или за некој друг.
Албански: kërkoj
Примери:
Неа ја промажи набрзина, за првиот човек што дојде да ја посака.

праша повеќе

прашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање.
Албански: pyet
Примери:
Тој се сврте кон неа и ја праша: Што мислиш за ова?
(се праша) Си постави прашање самиот себеси или еден на друг, размисли поставувајќи си прашање.
Примери:
Дали ќе се вратиш, не сум се прашал веќе.

распита повеќе

(се) распитаат
Вид збор: Глагол, свршен
распраша
Албански: pyes përqark
Примери:
Распитај ја зошто дошла.
(се распита) се распраша
Албански: pyes përqark
Примери:
Ќе се распиташ и ќе најдеш.