а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

праша

прашаат; прашаме, прашате; прашал; прашај, прашајте; прашан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 142
1. Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање.
Англиски: ask Албански: pyet
Примери:
Тој се сврте кон неа и ја праша: Што мислиш за ова?
Дали може да дојдам и јас? - праша детето.
Сè што не знаеш, прашај ме.
2. Постави прашање за некого или за нешто, во врска со некого или нешто.
Англиски: inquire
Примери:
Таа ме праша кога ќе се вратам дома.
Тие го прашаа за политиката во земјата.
Тој заборави што треба да праша.
3. Испита, испраша некого, провери нечие знаење со поставување прашање.
Англиски: test
Примери:
Учителот ги праша сите за последната лекција.
Професорката ме праша на цел материјал.
4. Спроведе истрага, провери веродостојно со поставување прашање.
Англиски: question
Примери:
Полицијата го праша каде ја сретнал девојката.
Иследникот ја праша каква е нејзината врска со обвинетиот.
5. Консултира некого, побара, слушне нечие мислење, совет и сл.
Англиски: consult
Примери:
Таа го праша професорот за совет.
Докторот го праша својот колега за болеста.
Тие го прашаа адвокатот за понатамошната постапка.
6. (се праша) Си постави прашање самиот себеси или еден на друг, размисли поставувајќи си прашање.
Англиски: ask
Примери:
Дали ќе се вратиш, не сум се прашал веќе.
Тој пак се праша: - Што да правам?
Сите се прашаа како е можно тоа.
7. (се праша) Има одговорност за нешто.
Англиски: responsible
Примери:
Јас се прашам овдека.
Директорката се прашаше за целата организација.
8. (се праша) се посоветува
Англиски: consult
Примери:
Оди прашај се на лекар.
Сè до нив се прашал.
Изрази
Не прашај гаталец, туку прашај паталец.
Изведенки
1. прашува несв.
(се) прашуваме
2. прашување ср.