Вид збор: Глагол, свршен
Побара нешто со молење.
Примери:
Тие ме замолија да ги оставам насамо.
запрашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави прашање некому.
Примери:
Од каде си ти? - го запраша старецот.
Праша некого за нешто, во врска со нешто.
Примери:
Ја запрашав девојката каде се наоѓа школото.
(се запраша) Си постави прашање самиот себеси или еден на друг.
Примери:
Никогаш не се беше запрашал како изгледа таа.
(се) запрашуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
молат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 1 л.) При учтиво обраќање.
Примери:
Ве молам, седнете!
питаат
Вид збор: Глагол, несвршен
праша, (се) праша
Примери:
Ќе те питам, ќе те прашам.
(се) питуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
побараат
Вид збор: Глагол, свршен
Посака да добие.
Примери:
Сестрите, што е право, ми даваат сѐ што ќе побарам.
помолат
Вид збор: Глагол, свршен
Упати молба до некого.
Примери:
Го помоли брата си да му даде пари.
посакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замоли некого, побара некому нешто.
Примери:
Тие му посакаа петстотини лири.
Побара рака на девојка за себе или за некој друг.
Примери:
Неа ја промажи набрзина, за првиот човек што дојде да ја посака.
прашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање.
Примери:
Тој се сврте кон неа и ја праша: Што мислиш за ова?
(се праша) Си постави прашање самиот себеси или еден на друг, размисли поставувајќи си прашање.
Примери:
Дали ќе се вратиш, не сум се прашал веќе.
(се) распитаат
Вид збор: Глагол, свршен
распраша
Примери:
Распитај ја зошто дошла.
(се распита) се распраша
Примери:
Ќе се распиташ и ќе најдеш.