attract - онтологија

врзе повеќе

врзат
Вид збор: Глагол, свршен
Приврзе, придобие за нешто, освои.
Албански: lidh, përfitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со топлите очи таа го врза за себе.

завлече повеќе

завлечат
Вид збор: Глагол, свршен
привлече, заведе
Албански: tërheq
Примери:
Тој се надева дека и него ќе го завлече хуманиот лекарски повик.

магнетизира повеќе

магнетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
привлекува
Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Просто како да го магнетизира кучето, тоа постојано одеше по него.

маѓепса повеќе

маѓепсаат
Вид збор: Глагол, свршен
Привлече, заведе.
Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го маѓепса со својот поглед.

намами повеќе

Види и: мами (несв.)
намамат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде привлечен од нешто.
Албански: tërheq, josh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го намами музиката и влезе во кафеаната.

опие повеќе

опијат
Вид збор: Глагол, свршен
Плени со своите особини.
Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ех, толку ме имаше опиено учителот.
(се опие) Се занесе, се замае.
Албански: kënaq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Долго ја гледаше, се опи од нејзината убавина.

попривлече повеќе

Види и: привлече (св.)
попривлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика интерес, внимание, љубопитност и сл.
Примери:
Новите книги го попривлекоа нашето внимание.

привлече повеќе

привлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика интерес, љубопитство и сл.
Албански: tërheq
Примери:
Саемот на книги привлече многу посетители.
Предизвика внимание.
Албански: tërheq
Примери:
Тој напис го привлече вниманието на стручната јавност.
Предизвика симпатии кај некого.
Албански: tërheq, josh
Примери:
Таа го привлече со нејзината убавина уште од студентски денови.
(се привлече) Почувствува меѓусебна привлечност, симпатија.
Албански: tërheq, josh
Примери:
Тие се привлекле.

примами повеќе

примамат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде привлечен од некого.
Албански: tërheq, josh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Селото малцина можеше да примами со својата местоположба.

собере повеќе

соберат
Вид збор: Глагол, свршен
Привлече на своја страна, придобие.
Албански: tërheq
Примери:
Ги собрал околу себе сите повторувачи.