врзе
  
    
    
  
  
      
          
            
              врзат; врзам, врзи, врзете; врзав, врзеш, врзаа; врзал; врзан: врзев, врзеа; врзел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 1190
	    
	
    
    
      
          1.
          Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ги врза врвците на чевлите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Обвитка, стави, спакува во нешто и стегне со јаже, со врвка и др.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На главата ќе врзе црвен шал. 
	              
	            
	          
	            
	               Го врза зајакот во вреќа. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги врза жолтиците во едно шамивче. 
	              
	            
	          
	            
	              Му ги врза очите со шамија.
	              
	            
	          
	            
	              Со синџири ги врза дивите горски ѕверки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  обвитка (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Ограничи, оневозможи движење на некого, на нешто, прикрепувајќи, приврзувајќи го со јаже и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кај ќе го врзеш, таму ќе остане. 
	              
	            
	          
	            
	              Го врза коњчето во дворот. 
	              
	            
	          
	            
	              Рибарот го врза чунот крај брегот. 
	              
	            
	          
	            
	              Му ги врзаа рацете и нозете, го пикнаа в зандана. 
	              
	            
	          
	            
	              Врзете им ги рацете!
	              
	            
	          
	            
	              Ги врзаа маските на јаслите. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  ограничи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          3акачи, обеси нешто на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Му врзаа камен околу гуша и го фрлија во езерото. 
	              
	            
	          
	            
	              Крени го скутникот и убаво врзи го на половината! 
	              
	            
	          
	            
	              Бело гушалче си врзала.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Приврзе, придобие за нешто, освои.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со топлите очи таа го врза за себе.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Обврзе, задолжи, принуди на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со договорот ги врза лекарите да не можат да му дадат отказ.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          За растение - заврзе плод.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Овошката врза плод.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          (се врзе) Се приврзе за нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Децата се врзаа за домот. 
	              
	            
	          
	            
	              Се врза за работата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          (се врзе) Се обвитка, се стегне со јаже, со врвка и др.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    wrap
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                lidh, mbështjell
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Се врза со шалот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Врзе шлаканица - со рака удри по лице.
          
      
        
          
            Му се врза јазикот - замолчи, изгуби волја за зборување.
          
      
        
          
            Врзе крај со крај - тешко успева да преживее.
          
      
        
          
            Врзе во крпче/врзе во умот - запамети.
          
      
        
          
            Врзе коска/врзе снага - зајакне, зацврсти.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          врзува несв.
(се) врзуваат
          
          
          
        
      
        (се) врзуваат
          
          2. 
          врзување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.