а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заведе

заведат; заведи, заведете; заведов, заведоа; завел; заведев, заведеа; заведел; заведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5613
1. Насочи некого на погрешен пат, направи да заскита, да не стигне на целта.
Англиски: mislead Албански: mashtroj
Примери:
Овчарот ја заведе потерата на полицијата во погрешен правец.
Кучињата со својот лаеж нè заведоа натаму.
Чадот од огновите над буките ја заведе полицијата.
2. Направи некој да тргне по лош пат, кон нешто лошо.
Англиски: mislead Албански: mashtroj
Примери:
Со лажни ветувања тие ја заведоа младината.
3. Измами некого.
Англиски: cheat Албански: gënjej
Примери:
Него не можеа да го заведат.
4. Освои лице од спротивен пол.
Англиски: seduce Албански: kandis
Примери:
Се обидуваше да ја заведе девојката.
5. Воведе, воспостави некаква состојба.
Англиски: establish Албански: themeloj
Примери:
Војската заведе вонредна состојба во земјата.
Немаше кој да заведе ред.
Во месната заедница заведоа дежурство.
6. Запише, внесе во книга.
Англиски: register Албански: shënoj
Примери:
Не бил заведен во црковната книга на родените.
Наставникот ги заведе оценките од писмената работа во дневникот.
Фирмата ја заведоа во трговскиот регистар.
7. Одведе некого некаде.
Англиски: lead Албански: shpie
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го завеле длабоко во шумата и таму го убиле.
Го фати за рака и го заведе дома.
8. (се заведе) Се поведе по некого или по нешто, се залаже.
Англиски: mislead Албански: mashtroj
Примери:
Тој се заведе по една група криминалци.
Ние се заведовме по лаежот на кучињата.
Изведенки
1. заведува несв.
(се) заведуваат
2. заведување ср.
глаг. им.