bankruptcy - онтологија

банкрот повеќе

мн. банкроти
Вид збор: Именка, машки род
Неспособност за плаќање; материјална пропаст на банка, на фирма.
Албански: bankrot, faliment
Употреба: Економија
Примери:
Неговата фирма доживеа банкрот.
Тој што банкротирал материјално, пропаднат човек.
Албански: falimentues
Употреба: Преносно значење
Примери:
Спомнатиот сега е банкрот и таа не го помирисува.

банкротство повеќе

(едн.) банкротството
Вид збор: Именка, среден род
Распаѓање на деловниот систем на стопанска огранизација во ситуација во која што со својот имот веќе не е во состојба да ги намирува обврските.
Албански: bankrotim, falimentim
Употреба: Економија
Примери:
По банкротството на претпријатието вработените останаа на улица.

стечаен повеќе

Види и: стечај (м.)
стечајниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на стечај.
Албански: falimentues
Употреба: Економија , Правда
Примери:
стечајна постапка

стечај повеќе

мн. стечаи
Вид збор: Именка, машки род
банкрот
Албански: falimentim, bankrot
Употреба: Економија
Примери:
Стечајот на фабриката остави стотина работници без работа.

фалимент повеќе

мн. фалименти
Вид збор: Именка, машки род
Пропаѓање на дуќан, претпријатие.
Албански: faliment, dështim
Употреба: Економија , Разговорно