мн. барабанџии
Вид збор: Именка, машки род
Службен известувач што се огласувал со барабан.
Албански:
lajmëtar me daulle
Употреба:
Архаизам
мн. викачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што објавува нешто, што повикува некого, обично по судски налог.
Примери:
Викачот тропаше со тапанот и им кажуваше на луѓето дека дошле војниците.
Вид збор: Именка, машки род
Тој што извикува.
Примери:
Постои опасност извикувачите да престанат со пукањето, а другите да продолжат уште пожестоко.
мн. протуѓери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што јавно ги соопштува вестите на улица, со викање.
мн. телали
Вид збор: Именка, машки род
Гласник, службен објавувач на некакви вести со викање, барабанџија.
Турски:
tellal
Албански:
telall, lajmëtar
Употреба:
Архаизам
Примери:
Телал вика по чаршија.
Вид збор: Именка, машки род