base - онтологија

база повеќе

мн. бази
Вид збор: Именка, женски род
основа, темел, подлога
Албански: bazë, themel
(само едн.) Почеток од кој и врз кој нешто се прави, се гради и се продолжува, се развива.
Албански: themel
Примери:
Истражувањата се врз база на споредбен пристап.
Супстанција што се соединува со киселините и ги неутрализира градејќи сол.
Албански: bazë
Употреба: Хемија
Собирно место за концентрација на воени единици и за нивно снабдување и опслужување (подалеку од главните сили во земјата или надвор од неа).
Албански: bazë
Употреба: Воен термин
Примери:
воена база

базира повеќе

базираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Втемели, втемелува, заснове, се засновува.
Албански: bazoj
Примери:
Тоа базира врз неточни, лажни податоци.
(се базира) се заснове, засновува
Албански: bazohet
Примери:
Се базира на библиски легенди.

втемели повеќе

втемелат
Вид збор: Глагол, свршен
Заснова, цврсто постави врз доказ, факт (за текст, став, мислење).
Албански: bazë
Примери:
Врз што ги темелиш твоите тврдења?

заснове повеќе

засноват
Вид збор: Глагол, свршен
Постави (мислење, тврдење, план за нешто) врз определена основа, врз докази, факти и сл.
Албански: bazoj
Примери:
Весникот го засновал своето тврдење врз потврдени факти.
(се заснове) Има основа, се темели врз нешто.
Албански: bazoj
Примери:
Принципот на солидарност се засновува врз желбата за поправедно општество.

затемели повеќе

Види и: втемели (св.)
(се) затемелат
Вид збор: Глагол, свршен
втемели

основ повеќе

(едн.) основот
Вид збор: Именка, машки род
основица
Албански: bazë

основа повеќе

мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од зборот што обично не се менува на кој се додаваат наставки.
Албански: rrënjë
Употреба: Граматика
база
Албански: bazë
Употреба: Хемија

основица повеќе

Види и: основа (ж.)
мн. основица
Вид збор: Именка, женски род
база, основа
Албански: bazë
Примери:
Основица за пресметување на данок.
основа
Албански: bazë
Употреба: Математика

подлога повеќе

мн. подлоги
Вид збор: Именка, женски род
Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго.
Албански: bazë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
цврста подлога
Тоа што е во основата на нешто, на што се прави, се нанесува нешто друго.
Албански: bazë, themel
Примери:
Тие настани имаат историска подлога.

подметнувач повеќе

мн. подметнувачи
Вид збор: Именка, машки род
Предмет што се подметнува под нешто.
Албански: nënshtresë
Примери:
Подметнувачите од хартија беа за една употреба.

почва повеќе

мн. почви
Вид збор: Именка, женски род
основа, база
Албански: bazë. themel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си подготвиле добра почва за акција.

почива повеќе

почиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се заснова, се базира
Албански: bazohet
Примери:
Тезата почива на богатиот изворен материјал.

супстрат повеќе

мн. супстрати
Вид збор: Именка, машки род
подлога, основа, темел
Албански: bazë
Употреба: Преносно значење

темел повеќе

мн. темели
Вид збор: Именка, машки род
Основа на нешто.
Албански: bazë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Темелите на новото општество

темели повеќе

(се) темелат
Вид збор: Глагол, несвршен
заснове
Албански: bazoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Судот ја темели пресудата врз основа на изјавите на сведоците.
(се темели) Се заснове.
Албански: bazohet
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Претпоставката се темели врз основа на утврдените факти.

упориште повеќе

Види и: потпор (м.)
мн. упоришта
Вид збор: Именка, среден род
потпор
Албански: venstrehim, qëndres
Место што нуди заштита или е главна поддршка за отпор.
Албански: bazë
Примери:
упориште на востаниците

фундамент повеќе

мн. фундаменти
Вид збор: Именка, машки род
подлога, база
Албански: fundament
Употреба: Преносно значење
Примери:
Моите тврдења имаат цврст фундамент.

цокле повеќе

мн. цоклиња
Вид збор: Именка, среден род
Долен дел на ѕид, обично бојадисан со мрсна боја.
Германски: Sockel Албански: bazament
Употреба: Архитектура и градба
Долен дел од плакар или шкаф што овозможува подобра стабилност.
Германски: Sockel
Употреба: Преносно значење