база
мн. бази
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3961
2.
(само едн.) Почеток од кој и врз кој нешто се прави, се гради и се продолжува, се развива.
Примери:
Истражувањата се врз база на споредбен пристап.
економска база
материјална база
општествена база
национална база
на доброволна база
Врз база на самоопределување.
Слично со:
основа (ж.)
3.
Супстанција што се соединува со киселините и ги неутрализира градејќи сол.
Спротивно од:
киселина (ж.)
4.
Собирно место за концентрација на воени единици и за нивно снабдување и опслужување (подалеку од главните сили во земјата или надвор од неа).
Примери:
воена база
Единицата се повлече во својата база.
Во базата на Главниот штаб.