а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

киселина

мн. киселини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6425
1. Соединение на водород cо неметал или атомска група што сината лакмусова хартија ја бои во црвено, повеќето киселини имаат кисел вкус; електролит кој при разложување во воден раствор како позитивен јон дава само водороден јон.
Англиски: acid Албански: thartirë, acid
Употреба: Хемија
Примери:
Азотна киселина.
Борна киселина.
Винска киселина.
Солна киселина.
2. Тоа што има кисел вкус или мирис.
Англиски: sourness Албански: thartirë
Примери:
Во устата чувствуваше млака киселина од јаболката што ги јадеше секој ден.
Во воздухот се чувствуваше некоја задушлива мемла и киселина.
3. Воден раствор на оцетна киселина.
Англиски: vinegar Албански: uthull
Употреба: Гастрономија
Примери:
Јадеше печени пиперки со киселина.
Стави малку киселина во салатата.
Изрази
Киселини во стомакот - зголемување на солната киселина во стомакот.
Изведенки
киселинка ж.
мн. киселинки
дем.