bell - онтологија

брее повеќе

бреат
Вид збор: Глагол, несвршен
За елен - рика.
Албански: pëllet
Примери:
Во гората брееше елен самјак.
Што личи на рикање на елен.
Албански: pëllet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што туку бреете мори моми.

ѕвонец повеќе

мн. ѕвонци
Вид збор: Именка, машки род
Метална крушовидна направа со подвижно јазиче која служи за ѕвонење.
Примери:
Ѕвонецот рамномерно ѕвонеше.

ѕвоно повеќе

мн. ѕвона
Вид збор: Именка, среден род
Метална направа во вид на чашка со јазиче, кое, удирајќи во чашката, предизвикува ѕвонење; ѕвонец.
Албански: zile
Примери:
Во рамнината не се слушаше ѕвоно од добиток.
камбана
Албански: kambanë
Употреба: Црковен термин
Примери:
Некоја набожна рака го заниша црковното ѕвоно.
Предмет со ѕвончеста форма, поставен со отворот надолу, што служи за заштита на храна и др. од надворешни влијанија.
Албански: zile, kumbonë
Примери:
Тој го поткрена стакленото ѕвоно за да пресече парче сирење.

ѕвонче повеќе

Види и: ѕвоно (ср.)
мн. ѕвончиња
Вид збор: Именка, среден род
ѕвоно, ѕвонец
Албански: zile
Употреба: Деминутив
Примери:
Се чу ѕвончето на влезната врата.
Електрична или механичка направа за ѕвонење.
Албански: zile
Употреба: Технологија
Примери:
Ѕвончето ѕвони, некој е пред врата.
Растение со ретки листови и синовиолетови цветови во форма на ѕвоно што се групираат во грозд на врвот од стеблото
Латински: Campanulaceae Албански: lule kumbone
Употреба: Ботаника
Примери:
Во китката имаше едно ѕвонче, топчесто со ливчиња во сина боја.

прапорец повеќе

мн. прапорци
Вид збор: Именка, машки род
Празна метална топка со мало метално топче во внатрешноста кое тропа при тресење; затворено ѕвонче.
Примери:
Од далеку се слушаа прапорците на коњите.

тракатанец повеќе

мн. тракатанци
Вид збор: Именка, машки род
ѕвонец, клепало

џангарак повеќе

мн. џангараци
Вид збор: Именка, машки род
ѕвонец, ѕвонче, прапорец
Турски: çangırtı
Употреба: Архаизам