bite - онтологија

апе повеќе

апат
Вид збор: Глагол, несвршен
каса, гризе
Српски: ујести Албански: kafshon Бугарски: хапя
Употреба: Разговорно
Примери:
Јас си ги апев во бес прстите.

апне повеќе

Види и: апе (несв.)
апнат
Вид збор: Глагол, свршен
касне
Албански: kafshon
Примери:
Оваа жена ја апна куче.

гриз повеќе

мн. гризови
Вид збор: Именка, машки род
Парче храна што се добива со едно загризување.
Албански: kafshatë
Примери:
Детето касна само еден гриз од јадењето.

гризе повеќе

гризат
Вид збор: Глагол, несвршен
Каса, откинува нешто со заби.
Албански: kafshoj
Примери:
Некој молец го гризел ќебето.

гризне повеќе

гризнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи едно гризење.
Албански: kafshoj
Примери:
Гризни - остави чинеше.
Малку загризе.
Албански: kafshoj pak
Примери:
Тој ја гризна кифлата и ја остави.

грицне повеќе

Види и: гризне (св.)
грицнат
Вид збор: Глагол, свршен
гризне
Употреба: Деминутив
Примери:
Детето ја грицна мајка си за раката.

заапе повеќе

Види и: апе (несв.)
заапат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да апе.
Албански: filloj të kafshoj
Примери:
Децата заапаа од лебот.
(се заапе) се апе
Албански: kafshohet
Примери:
Кучето се заапа по опашката.

загриз повеќе

Види и: загризе (св.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
загризување

загризе повеќе

загризат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гризе.
Албански: kafshon
Примери:
Скрши големо парче од лебот и го загриза.
(се загризе) Почне да се гризе себеси или еден со друг.
Албански: kafshoj
Примери:
Се загриза невидливо за устата.

закаса повеќе

Види и: каса (несв.)
закасаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се закаса) Почне да се каса еден со друг.
Албански: kafshoj
Примери:
Кучињата долго 'ржеа и најпосле се закасаа.

залак повеќе

мн. залаци
Вид збор: Именка, машки род
Парче леб што наеднаш се става в уста, се џвака и се голта.
Албански: kafshatë
Примери:
Одвај го голтна последниот залак.

залче повеќе

Види и: залак (м.)
мн. залчиња
Вид збор: Именка, среден род
залак, залаче
Употреба: Деминутив
Примери:
На втори петли едно залче леб каснала.

згризе повеќе

Види и: гризе (несв.)
згризат
Вид збор: Глагол, свршен
јаде, џвака
Албански: han, mërtyp
Примери:
Кученцето го згриза за чевелот.

изгризе повеќе

изгризат
Вид збор: Глагол, свршен
Со гризење изеде или расипе, уништи.
Примери:
Глувците ги изгризале штиците под прагот.

изнагризе повеќе

Види и: нагризе (св.)
изнагризат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагризе повеќе нешта одеднаш, истовремено.
Примери:
Детето ги изнагризало сите јаболка.

искаса повеќе

искасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Касне на повеќе места или неколку пати.
Албански: kafshoj
Примери:
Го искасаа пчели.

испокаса повеќе

Види и: каса (несв.)
испокасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаса во голема мера.
Примери:
Кучето го испокасале болви.

јаде повеќе

јадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Каса, боде предизвикувајќи јадеж.
Албански: ha
Примери:
Вошки го јадат.

каса повеќе

касаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гризе со заби, боцка со осило, оставајќи трага, рана.
Албански: kafshoj
Примери:
Исплашена ги праша дали кучето каса.
За студ - нанесува остра дразба, штипе.
Албански: shpoj, ha
Употреба: Преносно значење
Примери:
Снегот ноќе е топол, само ветерот каса.
(се каса) Се гризат еден cо друг.
Албански: kafshon
Примери:
Пците разбеснето се касаа, се давеа.

касај повеќе

мн. касаи
Вид збор: Именка, машки род
залак

каснатина повеќе

мн. каснатини
Вид збор: Именка, женски род
Трага, рана од каснување.
Примери:
Hа неговото лице останаа каснатини од моите заби.

касне повеќе

каснат
Вид збор: Глагол, свршен
Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана.
Албански: kafshoj
Примери:
По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела.
Земе, изеде малку храна.
Албански: haj, ngrënë
Примери:
Сега тие се гладни зашто денеска уште немаат каснато ништо.
Зајаде, навреди, боцне некого со зборови.
Албански: pickon, shpon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите зборови го каснаа и го заболеа.
(се касне) Се гризне со заби.
Албански: kafshon

клукне повеќе

Види и: клука (несв.)
клукнува
Вид збор: Глагол, свршен
За змија - касне.
Албански: kafshon
Примери:
Поскок го беше клукнал во планините.

лапне повеќе

лапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Касне, изеде малку храна.
Албански: haj, kafshoj
Примери:
Лапна два залака и излезе.

накаса повеќе

накасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Касне малку, еднаш од нешто, нагризе.
Примери:
Го накаса јаболкото и го остави.

наченка повеќе

мн. наченки
Вид збор: Именка, женски род
Откинато, откршено парче од нешто.
Албански: copë e thyer, e shkepur

начеток повеќе

мн. начетоци
Вид збор: Именка, машки род
наченка
Албански: thej copë, shkep

подапе повеќе

подапат
Вид збор: Глагол, свршен
поткаса
Примери:
Си ги подапа усните.

подапне повеќе

подапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Покасне малку, апне.
Примери:
Подапна малку и отиде на работа.
поткаса
Употреба: Деминутив
Примери:
„Ако имаш маж... како што велиш дека имаш, тогаш да му кажеш да те поприбере дома и да ти го подапне јазикот, разбра?“

подгризе повеќе

подгризат
Вид збор: Глагол, свршен
Со гризење оштети одоздола.
Примери:
Глувците го подгризале килимот.

подгризне повеќе

подгризнат
Вид збор: Глагол, свршен
Гризне, касне малку, во ограничена мера.
Албански: kafshon
Примери:
Кога дојдов од работа, подгризнав малку.
За усна, јазик - преапе.
Албански: kafshon
Примери:
Си го подгризна јазикот од лакомост.
(се подгризне) се преапе
Албански: kafshon
Примери:
Не сакајќи се подгризна на долната усна.

покаса повеќе

Види и: каса (несв.)
покасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Касне малку или малку повеќе.
Примери:
Мувите ме покасаа.
(се покаса) (само во мн.) Се искасаа еден со друг, заемно.
Примери:
Кучињата се покасале.

поогризе повеќе

Види и: огризе (св.)
поогризат
Вид збор: Глагол, свршен
Огризе, оглода нешто во мала мера.

поткасне повеќе

поткаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткаса, подгризе.
Албански: kafshoj
Примери:
Тој си ги поткаса усните.

преапе повеќе

преапат
Вид збор: Глагол, свршен
прекаса, прегризе
Употреба: Разговорно
Примери:
Си ги преапа усните.

препапе повеќе

Види и: апе (несв.)
преапат
Вид збор: Глагол, свршен
прекаса, прегризе
Употреба: Разговорно

пројаде повеќе

Види и: јаде (несв.)
пројадат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи дупка со гризење, триење и сл.
Албански: gërryej
Примери:
Глувците во подрумот ја пројале старата облека.

скаса повеќе

(се) скасаа
Вид збор: Глагол, свршен
Почнат одеднаш да се касаат.
Примери:
Се втасаа и се скасаа.

уапе повеќе

уапат
Вид збор: Глагол, свршен
укаса
Примери:
Лута змија го уапа.

уапува повеќе

Види и: уапе (св.)
уапуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
уапе

уапување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
укасување

угриз повеќе

мн. угризи
Вид збор: Именка, машки род
едно загризување, залак

укаса повеќе

Види и: касне (св.)
укасат
Вид збор: Глагол, свршен
касне
Албански: kafshoj
Примери:
Го укаса лута змија.
(се укаса) се касне
Албански: kafshohem

укасува повеќе

Види и: укаса (св.)
укасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
каснува
Албански: kafshoj
(се укасува) се каснува, се укаса
Албански: kafshohem

хупка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
залак, касај
Употреба: Дијалектен збор

штипе повеќе

штипат
Вид збор: Глагол, несвршен
За инсект - боцнува, каса како со штипалки.
Албански: kafshon
Примери:
Нешто ме штипе по снагава.

штипне повеќе

Види и: штипе (несв.)
штипнат
Вид збор: Глагол, свршен
За инсекти или некои животни - касне, гризне.
Примери:
Го штипнала оса.