(се) вгорат
Вид збор: Глагол, свршен
се загрее, зоврие
Примери:
Во жилите шумеше вгорената крв од работењето.
вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
За течност - клокоти, се меша под дејство на висока температура.
Примери:
Донесете ги котлите со масло што врие.
Се наоѓа во еуфорична состојба, возбуден е, вознемирен е, со силни чувства.
Примери:
Во жилите вриеше топлината на виното.
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да врие.
Примери:
Кога доври водата таа го тргна лончето.
Вид збор: Глагол, свршен
Вари нешто до крај, сосема.
завријат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врие.
Примери:
Го засили огнот за побрзо да заврие гравот.
заклокотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува, го обземе силно чувство.
Примери:
Во него заклокоти гнев.
зовираат
Вид збор: Глагол, несвршен
зовријат
Вид збор: Глагол, свршен
За течност - почне да врие, почне да клокоти и да испарува под дејство на висока температура.
Примери:
Водата зовре.
Почне движење на множество луѓе без ред.
Примери:
На плоштадот зовре од луѓе.
Стане возбуден, вознемирен, дојде во состојба на силни чувства.
Примери:
Зовре од незадоволство.
извријат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави да врие колку што е потребно.
Примери:
Ги изври алиштата.
Со вриење испари до крај, целосно.
Примери:
Водата изври во тенџерето.
кипат
Вид збор: Глагол, несвршен
клокотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува или произведува звук, шум сличен на клокот.
Примери:
Нешто му клокотеше во градите.
обарат
Вид збор: Глагол, свршен
Свари малку, провари нешто за кратко време во зовриена вода.
Примери:
Таа првин го обари карфиолот, а потоа го испржи.
повријат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане да врие уште некое време.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
Изврие малку повеќе.
Примери:
Откако убаво ќе им поизврие водата, се додава масло.
превријат
Вид збор: Глагол, свршен
Зовире повеќе отколку што треба; истече, испари вриејќи.
Примери:
Млекото преврило.
провријат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врие.
Примери:
Кога ќе проврие водата, се додава зеленчукот.
Врие кратко време.
Примери:
Се вари млекото, па кога ќе проврие полека се замешува пченкарното брашно.